Етничкиот национализам кој го промовира ДУИ и Али Ахмети, како модел за заштита од кривичен прогон, е иредитизам и шовинизам сам по себе. Тоа нема никаква врска со ЕУ, САД, НАТО и зелена агенда. Тоа се побуди и страсти познати во 18 век, но и тогаш побудите не биле заради заштита на криминал. Улицата не е само за уличарите и тоа воопшто не е страшно за никого и тоа денес нема да исплаши никого и со ништо. Барем не после трагедијата во Кочани.

Ова во анализа за порталот Курир го истакнува политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски.

-Можеби ДУИ и Ахмети треба да прошетаат заедно со сите оние кои во нивно време ги изгубија животите во Модуларната болница во Тетово, во Ласкарци или пак од Беса Транс. Десетици и десетици мртви на контото на ДУИ. Ќе излезе ли ДУИ и Ахмети, Али или Дрин сеедно? Ќе имаат ли образ да ги погледнат во очи (не знам дали ќе може и Таравари, но за тоа потоа во друга прилика). Се разбира, одговорот на овие прашања е комплициран. Една многу едноставна премиса вели дека на некои прашања, одговори се даваат со текот на времето, бидејќи исти појави низ историјата се третираат различно, некаде како криминален геноцид некаде како злодело против општеството некаде како чист политички примитивизам. Во овој случај од се помалку. Но, оваа последната изјава за излегување и невраќање од улица може и да е добар чекор. Можеби веќе ДУИ не е потребен во институциите, бидејќи кога е има повеќе мртви отколку во војна, вели Стефановски.

Тој смета дека Ахмети треба да излезе на улица, како што се заканува дека ќе направи, но од сосема поинаква причина.

-Овој примитивен начин на разбирање на политичкиот етнонационализм е тесно поврзан со создавање на антагонизам. Но, антагонизам кон ДУИ, Ахмети и се што шета околу штабот во Мала Речица. Затоа ДУИ и Ахмети денес треба да се доживеат како синоним за создавање на нешто најстрашното, а тоа е смрт на невини човечки животи заради корупција. Дали треба да излезат на улица, па според мене ДА, за убаво да се откријат сите лица виновни за трагедиите изминативе години. Им се плаши некој!? Секако дека НЕ, порача Стефановски.