СДС нема мерка до каде може да оди со неговото лицемерие.

СДС се тие коишто направија се да се покачат цените на производите, кои го уништија стандардот на граѓаните и го опљачкаа народот, сега лицемерно глумат загриженост.

Кога веќе СДС реди производи и нивните цени, добро би било да ги нареди и да пресмета за колку се покачија цените на производите на кои тие го зголемија ДДВ.

СДС можеби заборави, но СДС е тој кој за време на неговото владеење го покачи ДДВ од 5 на 10% на околу 1.500 прехранбени производи. И откако поскапија 1500 производи, сега лицемерно бара негово укинување на околу 200 производи, кое нема да има никаков ефект врз цените.

Да се грижеа СДС за граѓаните и за нивниот стандард, немаше да ја пљачкаат државата и да ги уништуваат сите пори на општественото живеење.

Да имаше СДС добри економски политики, немаше да остави уништена и во слободен пад економија и над пола милион граѓани на прагот на сиромаштија, кои денот го поминуваат со по 150 денари.

Кога од СДС зборуваат за платите, ако не се информирани, да ги потсетиме.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги покачи платите на сите вработени во јавно здравствените установи, кои за период од четири години предвидено е да достигне до 50%. По долги години, го зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите за 10%.

Зголемување на платите од 7% добија и сите вработени во основните и средните училишта, кои до завршување на мандатот предвидено е да се зголемат за 46%.

Согласно закон, се зголеми и минималната плата, а линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери за 5.000 денари.

И паралелно на ова, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за зачувување на стандардот на граѓаните преку ограничување на маржите и цените, како и мерката, односно законското решение кое е на сила, со кои трговците се обврзани цените на производите да ги истакнат на нивните веб страници. Пракса која во Израел и Хрватска се покажа како доста успешна.

Понатаму ќе следи заживување и раст на економијата со постојани инвестиции, кои ќе овозможат подобар животен стандард и услови за понатамошно одржливо покачување на платите на сите вработени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ