Американската страна не ѝ ги доставила на Русија предлозите на Украина во врска со нејзината подготвеност за замрзнување на конфликтот меѓу Москва и Киев и создавање демилитаризирана зона, објави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, кон крајот на минатиот месец изјави дека Украина и САД составиле список на услови за завршување на војната што содржи 22 „многу специфични акции“, што вклучува замрзнување на конфликтот главно по постојните линии на фронтот, давајќи ѝ на Русија ефикасна контрола врз делови од преостанатите четири украински региони.

Администрацијата на Трамп, исто така, сака Москва да ѝ ја врати на Украина нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која руската војска ја зазеде на почетокот на војната.

Потоа објектот би паднал под контрола на САД и би снабдувал енергија за двете страни, заклучува американската агенција.