Украинските сили 14.043 пати го прекршија примирјето од 8 до 11 мај, а руските сили го почитуваа, соопшти руското МО.

Украинските сили 14.043 пати го прекршија тридневното примирје од 8 мај до 11 мај објавено од рускиот претседател Владимир Путин за време на 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

„И покрај прогласувањето прекин на огнот, украинските вооружени сили продолжија да спроведуваат воени операции против руските трупи. Вкупно се регистрирани 14.043 прекршувања на примирјето“, соопшти Министерството за одбрана.

Според податоци од руското Министерство за одбрана, по целата линија на борбен контакт, украинските единици извршија 4.011 напади со артилерија, тенкови и минофрлачи врз позициите на руските трупи, вклучувајќи 62 со употреба на ракетни фрлачи.

Покрај тоа, украинските сили извршија 9.918 напади и испуштање муниција од беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана истовремено соопшти дека рускиот воен персонал во зоната на специјални воени операции строго го почитувал примирјето од полноќ по московско време на 8 мај до полноќ на 11 мај.