Јужнокорејска делегација утрово пристигна со воз за официјалната церемонија во севернокорејскиот пограничен град Кесон. Со тоа официјално е означен почеток на проект за соединување и модернизација на железничките линии и станици на Северна и наЈужна Кореја.
Организаторите велат дека церемонијата е симболичен настан, а не почеток на реална работа за проектот.
Во неа учествуваат околу 200 луѓе, по 100 од северот и од Југот. Учествуваат и дипломати од Русија, Кина и Монголија.