Јапонската Влада објави повлекување од Меѓународната комисија за китолов и најави нов почеток на китолов во јапонските територијални води. Владата најави дека во јануари поторно почнува со комерцијален китолов.

На минатогодишната конференција во Бразил, Јапонија предложи укинување на 32 години старата забрана за китолов, но предлогот беше отфрлен.

Јапонската Влада е под силен притисок од своите рибари кои бараат повторно почеток на комерицијалниот риболов.

Меѓународната комисија во 1986 година договори мораториум на комерцијален китолов за да се заштити популацијата на китови која беше на раб на исчезнување.

Одлуката на владата во Токио е невиобичаена бидејќи Јапонија нагласува мултилатерализам во својата дипломатија, и веднаш предизвика критики.