Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека земјата е подготвена да заплени замрзнати руски средства доколку законот го дозволи тоа.
Во интервју за весникот „Ди Цајт“, Мерц изјави дека евентуалното запленување на руски средства во моментов е предмет на правни проверки.
„Доколку постои законска основа за активирање на овие средства, ние ќе го сториме тоа“, рече германскиот канцелар, објави Ројтерс.
Тој додаде дека се водат и дискусии за нови санкции против Русија, особено во енергетскиот и банкарскиот сектор, како и за дополнителни мерки против поединци.