Денеска се навршува една година од смртта на Илаз Адеми (Лала Илаз), човекот кој стана амблем на почетокот на војната во 2001 година, објави Али Ахмети, претседателот на ДУИ, на неговиот профил на Фејсбук.
„Неговата куќа беше првиот штаб на Народноослободителната армија (УЧК), камин каде започна организацијата за слобода. Илаз Адеми меѓу првите се вклучи во подготовките за почеток на војната и еден од првите што се приклучи во УЧК, стана симбол на жртвата за слобода. Со својата посветеност и пожртвуваност не само што придонесе лично, туку и инспирираше многу млади луѓе да се приклучат во редовите на УЧК. Зборуваше малку, но работеше напорно. Целиот негов живот беше во служба на општото добро и национална кауза. Беше посветен патриот, гостопримлив и дарежлив. Неговата врата отсекогаш била отворена за луѓето, за идеал, за слобода. Денес му оддадовме почит на неговиот живот и дело со откривање на споменик, како знак на благодарност за неговиот патриотизам, посветеност и несекојдневен придонес. Нека е вечен споменот на Илаз Адеми. Слава му на животот и делото“, објави Ахмети на Фејсбук.
Во објавата не се наведува местото каде е окриен надгробниот споменик.
Забележливо е дека Ахмети и ДУИ откако отидоа во опозиција, по 20 години минати на власт, се откажа од „зелената агенда“, „европските вредности за кои се залагаа со СДСМ во коалиција“ и повторно се враќа на „војната од 2001 година“. Забележливо е дека речиси секојдневно ги поттикнува поделбите и националистичките страсти. Особено сега пред локалните избори, со бреме од корумпираното дведецениско владеење, кога неговата десна рака Артан Груби е во бегство од Македонија поради обвиненија за криминалното владеење.