Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во понеделник, 19 мај, телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Разговорот со рускиот лидер е планиран во 10 часот по американско време, а главни теми ќе биде ставање крај на конфликтот во Украина, кој ги одзема животите на голем број Руси и Украинци, а втора тема ќе биде трговијата, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Потоа ќе разговара и со Володимир Зеленски и има намера да разговара со неколку лидери на земји членки на НАТО.

„Се надевам дека ќе биде успешен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека оваа војна, која никогаш не требаше да се случи, ќе биде завршена“, рече Трамп.