Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.
– Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп.
Горда сум на победниците!
Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов!
Така се бранат македонските бои!
Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце – напиша Силјановска Давкова на својот фејсбук профил.
Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај.
Фото: МИА