Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ вчера на својот 38 роденден се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Женева.
Српските тениски велемајстор на патот кон големата четворка во Женева го порази должникот, Италијанецот Матео Арналди во два сета со по 6-4. По сигурниот триумф Ноле на публиката прво и се обрати на француски. Тој ја пофали атмосферата и им се извини на навивачите што го скршил рекетот.
-И лани играв во полуфинале, сега сакам да одам чекор понапред. Беше доста блиску денес, иако резултатот не го покажува тоа, некако после тоа кршење на рекетот ја најдов мојата игра. Го достигнав мојот оптимум и рамнотежа и ментално и емоционално. Го играв мојот најдобар тенис кога беше потребно, изјави Ѓоковиќ по победата над Арналди.
Кога трофејниот тенисер се упати кон камерата за да напише нешто на објективот, Новак напиша „”Merci” следуваше изненадување од организаторите на турнирот во Женева.
Изненадениот и среќен Ѓоковиќ од раководните луѓе на турнирот доби роденденска голема торта .
Потоа следеше славеничка фотосесија и уште еден момент за историјата.
Wow! 🤩
Novak Djokovic has just been presented a gluten-free cake by Geneva to celebrate his birthday and win.
Happy Birthday. 🥳pic.twitter.com/pzA5g9CePZ
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) May 22, 2025