Претседателот на САД, Доналд Трамп разгледува можност од  почетокот на јануари да донесе уредба со која поради безбедносни причини би спречил американски компании да користат телекомуникациска опрема на кинеските компании Хуавеи и ЗТЕ.

Американската влада смета дека двете компании работат по налог на кинеските власти и оти нивната опрема може да се кристи за шпионирање.

Извршната уредба може да биде испратена во Министерството за трговија во јануари од каде ќе се забрани американски компании да купуваат од странски производители опрема што претставува значајна закана за националната безбедност, велат извори од телекомуникацискиот сектор и владата.

– Малку е веројатно дека во уредбата ќе се прозват ЗТЕ или Хуеавеи, вели изворот. Извршната уредба би се повикала на закон што на претседателот му дава овластувања да ја регулира трговијата како одговор на вонредна ситуација што е закана за САД.