Денес за првпат во Македонија е донесен систем за навигација на клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ.

Овој систем за навигација е за оперативно лекување на болести на ’рбетен столб. Системот дава сигурност при операција и нула грешка при оперативното лекување фиксација.

Од Клиниката велат дека покрај тоа што се поедноставува лекувањето се поништува грешката, исто така со овој систем конкурираме на светските центри за лекување на болести на ’рбетен столб.

-Системот е демо и ќе остане извесно време на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ. Тоа значи дека прво ќе го користиме Системот за навигација ќе ги видиме сите негови предности. Голема благодарност до Владата на Република Македонија за помошта и одобрението внес на ваква демо роботика за лекување на ’рбетен столб, додаваат од Клиниката.

Посочуваат дека со ваков систем влегуваме во мапата на светските центри за лекување на болестите на ’рбетниот столб.