Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе добие титула „сер“ на претстојната прославижа по повод роденденот на кралот Чарлс. Според Би-Би-Си, Бекам ќе биде прогласен за витез за неговиот придонес во британското општество, додека неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди.
Бекам доби Орден на Британската Империја во 2003 година, амбасадор е на УНИЦЕФ од 2005 година и има свој фонд на УНИЦЕФ. Поранешниот капитен на Англија одигра клучна улога во кампањата за Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Тој е и амбасадор на Кралската фондација од 2024 година и ги поддржува образовните програми на Кралот Чарлс. Бекам играше 115 пати за репрезентацијата на Англија за време на својата фудбалска кариера, а беше член и на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и Пари Сен Жермен.
Тој е ко-сопственик на англискиот клуб од пониската лига Салфорд, како и претседател и ко-сопственик на Интер Мајами.