Денеска во Владата се сретнав со Паскал Ван Даме – Претседателката на фудбалската федерација на Белгија и високи претставници од политичкиот и бизнис живот во Белгија кои допатуваа во Македонија во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу двете земји. Соработката со Белгија е на високо политичко и економско ниво, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски.