Македонија постигна гол на самиот почеток од второто полувреме, но радоста беше краткотрајна. Во 48. минута, Елиф Елмас со прецизен удар ја затресе мрежата на белгискиот голман Матс Селс, но судијата веднаш сигнализираше дека ќе се врши проверка на ситуацијата преку ВАР-системот.
По долга анализа која траеше повеќе од три минути, беше донесена одлука голот да не се признае. Причината беше офсајд позиција на Бојан Илиевски, кој, иако не ја допре топката, се најде во линија на ударот на Елмас и, според проценката на ВАР-собата, го попречувал видното поле на Селс и влијаел на акцијата.

Ова беше голем удар за Македонија, која одлично го започна вториот дел и со тој погодок можеше да се врати во натпреварот. Сепак, резултатот во тој момент остана 0-1 во корист на Белгија.