Неименувана 30-годишна жена избодела неколку минувачи во Минхен пред да биде застрелана од полицијата, објави „Билд“. Инцидентот се случил околу 20 часот, а жената била однесена во болница, каде што им подлегнала на повредите. Состојбата на нејзините жртви е непозната.
Полициските службеници го опколиле местото на злосторството, а присутни се и полициски сили за спречување нереди и членови на одделот за кривични истраги.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, но „Билд“ објави дека жената можеби имала проблеми со менталното здравје.