-Сакам да се осврнам и на познатата стратегија на СДС да ги злоупотребува сите колективни или индивидуални несреќи и да создава политика од нив, рече Христијан Мицкоски во своето обраќање на 34 Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Мицкоски потенцира дека сака да предупреди за скриената и се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани.
-Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на жртвите од Кочани ќе видете како говорат за катни гаражи, водоводи канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така во духот на локалните избори, рече тој.
-А јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста, потнцира Мицкоски.
-Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Со тоа што драматично ќе се подобрат условите за живот. Деталите за овој проект на кој интензивно работат очекувам да ги соопштам многу брзо откако ќе бидат финализирани сите детали, додаде Мицкоски.