Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва заедно сопругата и најблиските соработници присуствуваа на, која ја организирале по повод завршувањето на учебната 2024/25 година за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец”, Здружението на родители на деца со церебрална парализа и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов” од Скопје.
-Има некои моменти кои се бесценети и не можат да се заменат со ниеден друг – токму таков е овој вечерва!Овие дечиња, секогаш мои најверни пријателчиња сакаат само љубов и внимание и да знаат дека не се сами.
И додека јас сум гостин на овој свет никогаш нема да бидат сами!
Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник.
Во животот не е важно кој си, што си и колку имаш – туку делата кои ќе ги оставиш зад себе. Сакам да се заблагодарам на вила ,,Касијана” што ги отвори вратите за овие дечиња да можат да се дружат и забавуваат а на вас, другарчиња мои, ви се заблагодарувам на прекрасната вечер.
Секогаш уживам да го поминам времето со вас! Се гледаме на следното дружење, порача Ѓорѓиевски.