Венко Филипче добил на поклон луксузен џип ауди Q8 од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Подарок од 130.000 евра за Филипче, и ЈО молчи и не презема никакво дејствие. Секој во државава без разлика дали е правник или не, може јасно да заклучи дека ниту еден субјект, правно или физичко лице, не дава поклон од 130.000 евра, на лице со кое нема роднинска поврзаност. Кога лице кое нема роднинска поврзаност со друго лице, добива поклон од 130.000 евра, е сосема јасно дека станува збор или за затајување данок, или за перење пари или пак за тргување со влијание. Дополнително, кога станува збор за поклон од 130.000 евра на политичар, пратеник и лидер на опозиција, сосема е јасно дека станува збор за нешто скриено. За ист ваков случај ЈО води постапка за Пеце Мирчевски, директор на СОЗР во време на СДС. Мирчевски се терети дека добил два автомобила од фирма која добивала тендери. Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Сега се поставува прашањето зошто тоа што е криминал во случајот на Пеце Мирчевски, не е случај со Венко Филипче? Дали ЈО молчи за Филипче затоа што тој е претседател на СДС и со што ги уценува за да не постапуваат?, прашува пратеникот Мицевски.
Очекуваме ЈО да не биде контрадикторно самото на себе и да отвори постапка за Венко Филипче. Доколку не го стори тоа, ќе биде совршено јасно дека тие работат исклучиво во интерес на Филипче, додаде Мицевски.