Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Мохамед Каземи, неговиот заменик Хасан Мохакик и генералот Мохсен Багери беа убиени денес во израелските напади врз Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним.

„Армијата на суровиот и погрешно насочен ционистички режим денес ги продолжи своите напади и зло против исламски Иран. Уште еднаш го откри својот подмолен и терористички идентитет со тоа што ги таргетираше луѓето во станбените области…Продолжувајќи го својот разорен одговор, особено како одмазда за денешните злосторства на терористичкиот режим, борците на воздухопловните сили на ИРГК спроведоа нов бран ракетни операции, насочени кон разузнавачките центри на узурпаторскиот режим како трета фаза од операцијата „Вистинско ветување 3“, се вели во соопштението на ИРГК. Исто така, го предупреди Израел дека „ефикасните и насочени операции против виталните цели на овој лажен режим ќе продолжат до неговото целосно уништување“.