Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека е извршен напад врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), управувана од државниот радиодифузер ИРИБ.

Кац додаде дека нападот уследил откако било евакуирано локалното население.

– Израел ќе го нападна иранскиот диктатор каде и да се наоѓа, посочи Кац.

Тој претходно иранската државна телевизија ја нарече „мегафон на пропаганда и поттикнување“ и оти е „на работ на исчезнување“.

По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии како гори една од зградите на иранската државна телевизија.

Засега нема информации за евентуални жртви.