Иранските воздухопловни сили извршија напад врз израелските воздухопловни бази од кои израелските авиони започнаа воздушни напади врз Иран, објави иранската војска.
„Како одговор на дрскиот напад на ционистичкиот режим врз исламска иранска територија, борците на воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда, во десеттиот бран на операцијата „Садек ветување 3“, ја испланираа и спроведоа операцијата „Тасир“, целејќи ги воздухопловните бази од кои потекнува овој напад“, се вели во соопштението, како што објави ИРНА.
Во соопштението се додава дека овие напади ќе продолжат на „континуиран, сложен, повеќеслоен и постепен начин“.
Претходно, врховниот командант на иранската армија, генерал Абдолрахим Мусави, изјави дека претходните напади на Иран врз Израел биле „само предупредување и одвраќање“ и најави дека „казнената операција“ на Иран ќе биде спроведена многу наскоро.