Американскиот претседател Доналд Трамп денеска обвини неколку медиуми во Соединетите Американски Држави дека шират лажни вести дека нуклеарните постројки на Иран не биле уништени во американскиот напад за време на викендот.

„Локациите што ги погодивме во Иран беа целосно уништени и сите го знаат тоа. Само лажните вести би рекле поинаку за да се обидат да нè понижат што е можно повеќе, а дури и тие велат дека биле „скоро уништени“!“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Тој конкретно ги обвини новинарите на Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и Ен-Би-Си дека шират „лажни вести“ и дека се „губитници“. „Затоа нивниот рејтинг е на најниско ниво досега. Нула кредибилитет“, рече Трамп.