Иранските власти повеќе нема да му даваат пристап на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, до нуклеарните постројки во земјата, ниту пак ќе ѝ дозволат на агенцијата видео пристап до локациите, изјави денес заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хамид-Реза Хаџи Бабеј.

Хаџи Бабеј истакна дека Техеран го презел овој чекор поради информациите за состојбата на иранската нуклеарна индустрија во документите добиени од израелските власти, објави новинската агенција Мехр.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека на Гроси му е одбиен пристап до локациите што претходно биле бомбардирани, повикувајќи се на закон со кој Иран е суспендиран од МААЕ.

Аракчи го обвини Гроси дека го олеснил усвојувањето на резолуција од страна на Одборот на гувернери на МААЕ со која се осудуваат нуклеарните активности на Иран и бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти од страна на САД и Израел. Иранскиот министер за надворешни работи додаде дека Гроси не ги осудил директно ваквите напади.

„МААЕ и нејзиниот генерален директор ја носат целосната одговорност за оваа жална состојба“, заклучи Аракчи.