Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повикот за убиство на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ-Латас:

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараме итна разрешница.

Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат некрофилија.

Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се осветува на свој начин.

Матрицата на СДС е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев.

Ова се правите лица на соработниците на Заев и Филипче. Повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде!

Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов.

Го повикуваме МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот на СДС по бруталните закани.“

https://www.press24.com.mk/zaev-go-stopi-kosta-koga-go-gledam-kostadinov-kako-da-se-gledam-sebe-si-video