Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп.
– Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново во должина од 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци и за Прилеп и за Битола и за Ресен и за сите општини од пелагонијата, изјави Мицкоски.
Во своето обраќење премиерот потенцираше дека овие пари како во минатото по птринципот како до сега, не завршија во нечии џебови, не изчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори, дека се тука во реални опипливи дела.
-Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот. Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните се враќаат назад кај граѓаните преку проекти, патиштам училишта, фабрики, потенцира Мицкоски.
Денес Македонија се гради, чекор по чекор, делница по делница, проект по проект.
-Со чесна работа, домаќинска политика, и меѓународни партнерства, ја менуваме државата од темел. Овој пат Фариш- Дреново не е само обичен пат, туку тој е и порака, порака дека можеме и поинаку, порака дека ако се сака се може и доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој како што беше во изминатите 7 години, додаде Мицкоски.
Ова е петти патен правец што е пуштен во употреба за време на една година мандат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.