Властите во Германија одобрија изградба на подморски тунел вреден осум милијарди долари што ќе ги поврзува Данска и Германија и покрај противење на еколози.

Линијата „Фемарнбелт“ со должина од 19 километри ќе го поврзува данскиот остров Лоланд со островот Фемарн на германска страна.

Завршувањето на работите се очекува во 2024 година, но рокот е поместуван неколкупати поради протести на еколози во Германија.

Проектот е вреден 8,1 милијарда долари и се состои од автопат со четири ленти и две железнички линии. Проектот делумно го финансира ЕУ.