Имаме и разработуваме план и многу бргу денеска ќе се спроведе, а јавноста ќе биде сведок на многу работи, ќе слушне многу работи како се однесувала Владата на СДСМ и ДУИ во делот на издавањето на лиценци за одгледување на канабис и како се однесувале министрите од Владата на СДСМ и ДУИ во Министерството за здравство, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција во одговор на новинарско прашање.

Додаде дека тие повеќе од 100 килограми канабис што ги фатиле во Струмица и се резултат на една филмска акција што се случувала тој ден, очигледно е дека дел од канабисот завршува на нелегалниот пазар.

Дополни дека во Министерството за здравство имало и министри од СДСМ и министри од ДУИ, и од крилото на Алијансата на Албанците на Зијадин Села и од крилото на Арбен Таравари. Премиерот уште повтори дека јавноста ќе дознае се, бидејќи имаат сознанија.

Фото: МИА архива