Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари во време кога премиер беше Зоран Заев, а СДСМ и ДУИ на власт.
Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.
Според Ангелов, институцијата сега располага со:
18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),
15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,
5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.
Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.
„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.