Македонија повеќе од деценија е во фертилитетна рецесија. Повеќе од една деценија бројот на новородени рапидно се намалува, а само за последните 4 години Македонија изгуби еден град со големина на Кавадарци.

Ова го истакна Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Интегрален текст објавуваме подолу:

Ако во 2016 година сме имале 23.000 новородени дечиња, сега имаме 16.737.

Годишно, во 2024 година се родиле 9.000 дечиња помалку од 2016 година.

Статистиките се уште попоразителни, ако се погледне и бројката на морталитет. Имено во 2024 година родени се 16.737 дечиња, а починале 20.187 луѓе. Тоа значи дека починале 3.500 луѓе повеќе отколку што се родиле.

Но не било секогаш така, стапката на фертилитет во 1950 година била 5.7, што е 4 пати повисоко од денешните 1.5.

Да појасниме за да има природен прираст на населението стапката на фертилитет мора да биде над 2.1.

Бројките се сурови. Македонскиот народ подолг период полека изумира. И за тоа да се запре потребни се итни чекори.

Покрај мерките и стимулансите, потребна е и промена на начинот на размислување.

Кога сме кај делот на мерките како влада предвидуваме сет мерки, како што се 6 инвитро бесплатни процедури, стимулација за прво и второ родено дете, ослободување на мајката од персонален данок на доход од една година за првородено дете, две години за второ родено дете, за трето и повеќе секоја година е ослободена, се додека првото не стане полнолетно.

Воедно како партија и како политичари сме должни да отвори јавна дебата, за да го стимулираме растот на фертилитетот, со цел зголемување на наталитетот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ