Втората средба меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп е закажана за вечерва, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на извор од кабинетот на Нетанјаху.

Нетанјаху и Трамп се сретнаа синоќа на вечера, која израелските власти оценија дека поминала „во многу позитивна и пријателска атмосфера“.

За време на посетата на Вашингтон, израелскиот премиер во понеделник одржа двочасовни разговори со специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и со државниот секретар Марк Рубио, изјави висок израелски функционер.

Средбата се фокусираше на ситуацијата во Газа, како и на други билатерални и безбедносни прашања, објави Танјуг.