Британската флота на стелт ловци Ф-35Б има капацитет да извршува само една третина од предвидените мисии поради ниската оперативна подготвеност, недостиг на инженери, резервни делови на натпросечна корозија, се наведува во најновиот извештај на британската Национална канцеларија за ревизија (НАО).
Велика Британија во моментот располага со 37 оперативни авиони Ф-35Б, од вкупно 38 испорачани. Британската Влада има нарачано 48 авиони, а планира нивниот вкупен број да изнесува 138.
НАО наведува дека во периодот од октомври 2024 до јануари 2025 година ниту еден авион не бил достапен за мисија поради одржување, недостиг на резервни делови и доцнење во интегрирањето на оружјето.
фото: МИА архива