Радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, истакна на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрално тесктот од прес-конференцијата:

Последниот срамен обид на Левица, да поднесе закон за забрана на името ВМРО, не е ништо друго освен директна нарачка од круговите што со децении работат против македонскиот идентитет.

Ова е истата таа агенда што со години се промовира од политички и академски структури и центри во Бугарија:

– Македонија да се откаже од своето револуционерно минато.
– ВМРО да се претстави како „контроверзен“ или „непосакуван“ дел од историјата.
– Македонскиот народ да се откорне од своите херојски настани.

Сега, истата таа агенда добива домашни извршители во форма на пратениците на Левица.

Ова не е првпат да се случува. Во 2018 година, имаше обид, со поддршка од тогашната власт на СДСМ, ДУИ и СЈО како инструмент да се укине ВМРО и да се измени законот. Тие обиди беа спречени благодарение на поддршката од пријателски држави и сестрински партии, тогашната агенда беше разобличена.

Но денес, она што особено ја открива суштината на ова сценарио е фактот што истата таа улога ја презема Димитар Апасиев, тогаш советник во СЈО, денес лидер на Левица. Само што денес, заслепен од сопствената ароганција, сам си ја потврдува улогата: дека е најобична алатка во туѓи раце.

Алатка што кога нема да им користи, ќе ја заменат со нова.

Но, ВМРО е повеќе од име. ВМРО е борба, истрајност, отпор и иднина.

Затоа, како државотворна партија, ВМРО-ДПМНЕ ќе го заштити името, симболот и суштината на македонската борба за слобода.

Ниту еден обид за бришење на историјата нема да помине.

Повторно ќе се види кој стои на браникот на Македонија, а кој, како испостава на туѓи интереси – работи против сопствениот народ. Историјата не може да се избрише со закон.

А ВМРО ќе продолжи – посилно, почисто, поодлучно од кога било досега.“