Косовскиот претседател Хашим Тачи тврди дека во „блиска иднина“ во дијалогот со Белград ќе биде постигнат договор во Брисел бидејќи според него, политичките односи во Косово и Србија овозможуваат таков договор.

Во авторски текст објавен на сајтот на РТК, Тачи тврди дека „нема време за губење за постигнување одржив и траен мир што може да биде постигнат со договор за односите со Србија“.

Тој верува дека лидерите во 2019 година во Приштина ќе бидат подготвени за „тешки но обврзни одлуки што се во интерес на Косово и на Балканот“. Тачи вели дека „одлуката што треба да се донесе во блиска иднина е постигнување конечен договор за нормализација на односите со Србија“.