Турската полиција во превечерието на Новата година спроведе масовна операција против осомничени припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во неколку региони на Турција.

Во операцијата, чија главнина била во Истанбул и Анкара, се уапсени вкупно 115 лица, под сомнеж за членување и врски со ИД.

Според полициски извори, дел од уапсените планирале да извршат терористички напади во текот на новогодишната ноќ.

Поголемиот број од уапсените претходно се бореле во редовите на ИД во Сирија или Ирак.