Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови истакна дека за истите, буџетото годинава е зголемен на 250 до 260 милиони денари, а благодарение на тоа бројот на странски туристи е зголемен за повеќе од 20%.

-Имаме 16 нови дестинации, буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари оваа година, истиот ќе биде и следната година. Резултатите се гледат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20% зголемен број на странски туристи во првите пет месеци од годината. Ова се субвенции на доаѓање, на тие летови, не на заминување туку на доаѓање и во таа насока ќе продолжиме во периодот кој што следи, изјави денеска премиерот Мицкоски кој што присустбуваше на поставување на камен темелник на нова спортска сала.