И оваа година Општина Кисела Вода продолжува со убавата традиција – секое прваче во Кисела Вода ќе добие квалитетно анатомско ранче и училишен прибор!
-Околу 600 дечиња од осумте основни училишта на територија на општината, кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи ќе добијат ранче, тетратки и сè што им е потребно за успешно да го започнат своето образовно патување. Проектот што за првпат го започнавме токму кај нас, денес е пример што се прошири речиси низ цела Македонија. Го креиравме со цел да им дадеме вистинска поддршка на семејствата. Првиот училишен ден е посебен момент, исполнет со радост, возбуда и гордост и за децата, но и за родителите. Тој ден треба да остане во сеќавање по детската насмевка, а не по финансиските грижи. Затоа, ги известувам сите родители дека нема потреба да купуваат ранци и прибор, истакнува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Нема никакви критериуми, ниту административни процедури – оваа мерка важи за сите првачиња во Кисела Вода.
– Минатата година имав чест лично да ги доживеам тие моменти – детски прегратки, насмевки и среќа што се памети. Оваа година очекувам уште повеќе радост! Влогот во најмладите е влог во иднината на Македонија, вели Ѓорѓиевски.