Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска присуствуваше на прием организиран од страна на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а во чест на младите спортисти, учесници во кампот „Србија те повикува“.
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска присуствуваше на прием организиран од страна на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а во чест на младите спортисти, учесници во кампот „Србија те повикува“, соопштија од неговиот кабинет.
-Шестиот по ред годишен спортско-едукативен собир на деца и млади од дијаспората започна во комплексот на домот на ученици од средните училишта „Патријарх Павле“ во Белград.
На кампот отворен на 2 август учество зедоа рекорден број деца – вкупно 436 од 18 различни земји, меѓу нив најбројни беа од Босна и Херцеговина и Македонија, а покрај спортските активности, кампот имаше и воспитно образовен карактер, преку дружење и создавање нови пријателства, исто така, и запознавање со богатата историја и туристичките убавини на Белград. – соопштија од кабинетот на Стоилковиќ.