Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, објави дека одобрил нов план за населување на територијата на Западниот Брег, позната како Е1, објавија израелските медиуми.
-Планот ќе ја закопа идејата за палестинска држава, рекол министерот.
Смотрич откри дека денеска ќе одржи прес-конференција, во придружба на претседателот на Градскиот совет на Јеша, Јисраел Ганц, и градоначалникот на Маале Адумим, Гаи Ифра, за дополнително да го презентира планот.
Планот се однесува на контроверзен проект за населување на Западниот Брег со 3.412 единици, познат како Е1, кој беше замрзнат под притисок од САД, објави „Џерусалем пост“.
Планот е опишан од некои како „смртоносен удар врз решението за две држави“ бидејќи ефикасно го дели Западниот Брег на два дела. Ова би го спречило развојот на метрополитенската област помеѓу Рамала, Источен Ерусалим и Витлеем.
ИЗраелските медиуми додаваат дека иако објавата на Смотрич била објавена јавно, нема официјална потврда за одобрувањето на планот.
Смотрич, сепак, рече дека овој план ќе биде имплементиран бидејќи е „последниот клинец во ковчегот“ на концептот за палестинска држава.
-Од палестинска перспектива и од перспектива на меѓународната заедница, ова е критична област. Без неа, создавањето палестинска држава со Источен Ерусалим како главен град е едноставно невозможно, додаде тој.