Иранската државна телевизија Ириб го отпушти од работа шефот на регионален тв-канал откако е прикажан филм со Џеки Чен од кој не се исфрлени сцени со секс.
На снимки кои на мрежа ги поставил гледач од островото Киш, прикажана е сцена од филмот „Инцидент во Шинџуку“ во кој игра мајсторот на боречки вештини од Хонг Конг.
Ирански медиуми јавуваат дека сцените со „неморал“ прикажани на Киш телевизијата се „целосно спротивни на правилата на Ириб“. Во Иран физички контакт меѓу маж и жена е забранет на тв-екраните.
Цензорите исто така бараат да се исфрлат сцени во кои жени и мажи разменуваат „нежни зборови и шега“, жени со откриено лице, крупен кадар на лица на жена и откривање на вратот, како и негативни прикази на полиција и брадести мажи.