На раскрсницата меѓу улиците Мирамарска и Вуковарска, во Загреб, деновиве загрепчанка била нападната од гаврани. Случајно од настанот има и видео запис.

Нападаот од овие птици, како што пишува Дневник.хр, се случил неделава, а снимките ги објави и радио Антена Загреб на својата Фејсбук страница. За среќа, жената не е повредена, но вакви напади во овој дел од годината се вообичаени.

Во периодот од април до август е период од годината кога гавраните несат јајца и имаат малечки во гнездата, па се многу осетливи на присуство во близина. Секое приближување го доживуваат како загрозување и го бранат гнездото.

Се проценува дека во Загреб има околу 10 илјади гаврани.

Иако стручњаците тврдат дека овие птици напаѓаат само ако се загрозени, понекогаш и оваа изразито интелигентна птица умее да погреши.

Во изминатите години, во овој период, слични напади од гаврани беа забележани и во Скопје.

Vrane napadaju

Vrane napadaju! Upravo smo dobili video od slušatelja.http://www.antenazagreb.hr/zgnews/cuvajte-glave-vrane-ponovo-napadaju/

Gepostet von Antena Zagreb am Dienstag, 5. Juni 2018