Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево во Општина Кисела Вода. Тој беше запрашан за мерката млад земјоделец на кое даде свое видување.
-Поради изборните ограничува не сме во можност да ја промовираме иако огласот е завршен и филтерот е направен, има 117 корисници, апликанти за околку 70 милиони денари, изјаци Мицкоски.
Мерката за поддршка на млад земјоделец е многу значајна иако бројката 117 не делува грандиозно.
-Имајќи предвид дека во 2023 година од 44 апликнти само 18 се корисници, кадешто станува збор за неколкукратно зголемување. Така што, веднаш по завршувањето на Локалните избори кога ќе ги немаме овие законски ограничувања и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци, потенцира Мицкоски.