Во Црна Гора од денеска почнува добивање економско државјанство кое дава можности на странски инвеститори да добијат црногорски пасош.

Инвеститор може да добие црногорско државјанство на неколку начини – Ако плати 100.000 евра на сметка на послабо развиени региони во државата.

Државјанство може да се добие и ако инвеститор плати најмалку 450.000 евра на сметка на некој од проектите за развој на Подгорица или 250.000 евра за проекти за развој на северниот или централниот дел од Црна Гора.

Парите ќе бидат уплаќани во посебен фонд од кој се финансира изградба на инфраструктура во помалку развиените општини, претежно во северниот дел од државата.