Во изјава за американската телевизија Фокс њуз, познатиот астролог Дајана Браунстоун во новогодишната ноќ рече дека американскиот претседател Трамп „ќе се отараси“ од старите „ситуации и односи“ и во 2019 година ќе добие нова сила.

Според неа, Трамп ќе го промени досегашниот живот.

– Тој се наоѓа во крајот на 27-годишниот циклус. Зодијакот каде почнува новиот циклус кажува многу нешта за него. На тоа ниво, два ангели чувари му даваат поддршка и го штитат, нагласи таа.

Запрашана дали тоа се потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео, астрологот рече дека можеби  е тоа точно, иако претседателот „ја следи сопствената интуиција која го обдарила со сили кои му укажуваат кон каде да оди“.

Сопствена прогноза за Трамп даде и кинескиот астролог и специјалист за фенг шуи, Луи Вонг шеф на хонгконшката консултантска компанија Скај форчан фенг шуи.

Тој го нарече Трамп како – „типично огнено куче – избувлив, зборлест и скаран со останатите“.

Со еден збор – конфликтна личност

– Неговите соработници во Белата куќа многу често ќе поднесуваат оставки, претскажува Вонг.

– Нема да има добра хармонија во неговиот Кабинет. Според мене, тој ќе остане на функција 2-3 години без поголеми проблеми, вели Вонг.