Турски полицајци облечени како Дедо Мраз „ловеле“ криминалци во новогодишната ноќ во Анкара, објави весникот Хуриет дејли њуз.

Тие биле облечени во црвено-бела облека со бели бради и се претставувале како продавачи на балони.

Полицајците така облечени, патролирале на различни места во главниот град на Турција меѓу луѓето кои прославувале Нова година.

Проверени биле лични документи на над 300 луѓе, од кои шестмина се приведени. Тие биле на потерници заради криминал. Други 32 лица биле оттгрнати од празнувањата заради „крајно несоодветно однесување“.

Турција ја пречека 2019 година без сериозни инциденти што се однесува до безбедноста.