Индиската полиција употреби солзавец, шок гранти и водени топови врз демонстранти кои протестираа против влегувањето на жени во еден од најсветите хиндуистички храмови. Судирите се случија пред Парламентот во државата Керала во регионалниот главен град Тируванантапурам.
Од друга страна, повеќе милиони жени формираа синџир во индиската држава Керала во знак на поддршка за еднаквост на половите и како одговор на протестиот на хинду свештеници и конзервативци кои забрануваат девојчиња и жени да влезат во еден од најголемите хиндуистички храмови во светот.
Комунистичката партија на Индија соопшти дека во протестите имало околу 5,5 милиони жени. На жени им е забранет влез во храмот Сабаримала.
Влезот на жени од 10 до 50 години во тој храм неформално е забранет пред многу години, а од 1972 година е преточен во закон.
Судот на државата Керала во 1991 година ја поддржа забраната, но Врховниот суд на Индија во септември 2018 година ја укина таа забрана.
Две жени ја прекршиле вековната забрана за влез во храм во Индија, во сојузната На видео снимката што ја објави полицијата, се гледаат две жени внатре во храмот со прекриено лице. Двете жени претходно имале неуспешен обид да влезат во храмот, но тоа денеска им успеало. Не е јасно како успеале да поминат покрај чуварите на храмот.