Европските сили ги попречуваат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, и Русија ќе продолжи со операциите во Украина сè додека не види вистински знаци дека Киев е подготвен за мир, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека „европската воена страна“ продолжува да ги попречува американските и руските напори во врска со Украина.

– Ние сме подготвени да го решиме проблемот со политички и дипломатски средства. Но, засега не гледаме реципроцитет од страна на Киев. Затоа, ќе продолжиме со специјалната воена операција, додаде Песков.