Христијан МИЦКОСКИ

Вечерва бев во посета на Делчево. Имав можност да разговарам со граѓаните и да ја почувствувам топлината и гостопримството на овој убав град.
Меѓу другото, присуствував и на концертот во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“, каде што се слушнаа прекрасни македонски песни кои ја носат во себе душата и идентитетот на нашиот народ.
Овој концерт е уште една потврда дека љубовта кон Македонија се чува преку песната, традицијата и заедништвото. Горди сме што македонската култура живее, се пее и се пренесува на новите генерации.
Македонија е во срцето на секој од нас!