Сотир ЛУКРОВСКИ, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ

Драги мои карпошани, сакам денеска да ве поздравам од пред култната слаткарница Палма.

Местото каде што се собиравме генерации на млади своевремено.

Ги собираме веќе неколку денови вашите идеи, вашите предлози, за што поубав, поурбан, позелен, похуман Карпош.

Се надеваме дека заеднички сето ова ќе го ставиме како дел од нашата програма, и веднаш од почетокот на самиот мандат ќе пристапиме за што подобар Карпош заедно.